Анкета

За граѓаните владините мерки за замрзнување на цените се задоцнети

10.03.2023 14:34

Граѓаните што ги анкетиравме велат дека мерките се задоцнети. Владата многу порано требаше да реагира за високите цени на основните прехранбени продукти...

Задоцнето замрзнувањето на цените на дел од основните производи-едногласни се анкетираните граѓани. Некои сметаат дека прво требало да се намали цената, потоа да се замрзне.

Краткорочна е мерката за замрзнување на цената на дел од производите. Трговците добија огромна помош од државата од што мал дел беше за граѓаните. Со одлуката сега сакаат да ги контролираат трговците, вели економскиот аналитичар Абиљ Бауш.

Во државите од регионот се намалува инфлацијата до едноцифрена и се носат антиинфлациски политики, кај нас се прави обратното. Се донесуваат мерки на замрзнување на цени од која, долгорочно, нема да бидат задоволни трговците, ниту граѓаните објаснува економскиот аналитичарот Бауш.

 

 

Александра Велинова