Статистика

Невработеноста во четвртиот квартал лани 14 отсто

10.03.2023 18:55

Стапката на активност во овој период е 54,9, а стапката на вработеност 47,2, соопшти Државниот завод за статистика.

Стапката на невработеност во четвртиот квартал во 2022 година изнесувала 14 отсто. Стапката на активност во овој период е 54,9, а стапката на вработеност 47,2, соопшти Државниот завод за статистика.

Во четвртото тримесечје од 2022 година, активното население во Република Северна Македонија изнесувало 802.280 лица, од кои вработени се 690.053, а 112.227 лица се невработени.