Македонија

Бесими: Задолжување за отплата на стар долг и нови инвестиции со реална каматна стапка

11.03.2023 11:00

Министерот за финансии, Фатмир Бесими во неговата викенд колумна тврди дека трошоците за последната еврообврзница се исти како и за еврообврзницата од 600 милиони евра, чиешто издавање пропадна поради тоа што немаше потпис од министерот за правда...

Министерот за финансии, Фатмир Бесими во неговата викенд колумна тврди дека трошоците за последната еврообврзница се исти како и за еврообврзницата од 600 милиони евра, чиешто издавање пропадна поради тоа што немаше потпис од министерот за правда.

„За сумата од 600 милиони евра, која беше планирана да се повлече, во конкретниов случај, преку комбинација на еврообврзницата од 500 милиони евра, со инструментот за макрофинансиска поддршка од 100 милиони евра, добиени се еднакви услови и годишниот каматен трошок останува ист, околу 37,5 милиони евра“, вели Бесими.

Тој појаснува дека со парите ќе се рефинансира еврообврзницата од 2016 година, а стариот долг се враќа по пониски трошоци.