Замрзнати цени, ДПИ најавува казни
Од 800 до 10.000 евра се казните за оние кои нема да ги намалат цените на млекото и шпагетите, велат од Државниот пазарен инспекторат. Најавија дека од четврток, кога стапува на сила владината одлука инспекторите ќе излезат на терен...

Во маркетите скапо ама и на пазарите цените солени. Исти производи во различни маркети се продаваат по различна цена. Граѓаните се жалат дека инфлацијата им ги јаде примањата, но се надеваат дека одлуката на Владата за замрзнување на цените на дел од производите делумно ќе им ја олесни живејачката.
Пазарџиите се свесни дека и кај нив е скапо, но велат – трошоците за производство се високи и ја диктираат цената на земјоделските култури.
Пред десетина дена Владата со одлука ја замрзна цената на белиот и полубелиот леб на 33 денари. Наредната недела ќе се врши корекција на цената на тестенините кои треба да поевтинат за 15-ина проценти, и на млечните производи кои ќе слизнат за околу 10 насто. Пазарниот инспекторат ги предупреди трговците да ги усогласат цените, во спротивно ќе следуваат казни.
Анита Димитријевска Велковска
