Млекопроизводителите ќе ги намалат цените, но бараат долгорочна стратегија
По одлуката на владата, млекопреработувачите го прават есапот. Велат, ќе ја спроведат мерката и ќе ги намалат цените на млекото и на млечните производи. Сепак, оценуваат дека тоа само делумно ќе влијае на задоволување на крајниот потрошувач, а ќе се предизвика домино ефект...

Додека потрошувачите со нетрпение го чекаат 16-ти март кога треба да стапи на сила владината мерка за намалување за 10 посто на цената на млекото и млечните производи млекопреработувачите веќе излегуваат со првични анализи. Според нив оваа одлука неповолно ќе влијае на сите оператори со храна а најзасегнати ќе бидат млекопреработувачите кои работат тврда програма во своето портфолио и каде се има еквивалент на сирово млеко во големи количини кое треба да зрее неколку месеци за да влезе во производот.
Битолскиот експерт вели дека пазарот на млеко треба да го набљудуваме како рамнотежа помеѓу производителите, млекарниците и потрошувачите. Со нарушување на тој баланс ќе имате домино ефекти. За целосно стабилизирање на една од најнепрофитабилните и најскапи индустриски гранки вели потребни се подолгорочни стратегии. Поради деловни тајни вели дека не може целосно да ја изложи неговата петгодишна визија каде прва и основна алка е инвестирање во примарното производство.
Проценките велат дека треба сточниот фонд да се зголеми за околу 20.000 јуници доколку сакаме да се вратиме на некогашните патеки и драстично го намалиме увозниот јаз кој изнесува околу 40 посто од домашните потреби.
Стевче Митревски
