Финансирање на винарии
Производителите на вино можат да се јават на повикот за доделување на неповратна финансиска поддршка. Грантот се однесува за инвестиции во набавка на опрема и користење на услуги за развој на семејни бизниси. Крајниот рок за поднесување на барањата е до 1-ви април...

Висината на финансиската поддршка е до 600.000 денари по корисник за трошоци за набавка на опрема за производство на вино во висина до 90 проценти или за трошоци за ангажирање на стручно лице-технолог до 10 проценти од вкупниот износ на финансиската поддршка по корисник.
Право на учество на јавниот повик имаат земјоделски стопанства кои се запишани во регистарот на Министерството како производители на вино, со максимален капацитет на производство до 50.000 литри годишно.
Право на учество немаат субјектите кои биле корисници на финансиски средства од Програмата за финансирање на микро земјоделски производители на вино од 2022 година.
Доделувањето на грантот е по принципот прв дојден, прв услужен се до исцрпување на средствата. Доколку останат пари, можат да бидат искористени за друг јавен повик. Одобрените средства во вкупниот износ се исплаќаат авансно на сметката на корисникот.
Крајниот рок за доставување на барањата е 30 дена од денот на објавување на јавниот повик, односно до 1-ви април 2023 година. Лани вкупно 59 мали винарии ја искористија оваа мерка и добија грант до 10.000 евра како поддршка за модернизација и развој на своето производство.
Методија Трајков
