Македонија

Битиќи: Имаме систем за развој и поддршка на стартап заедницата

13.03.2023 14:33

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, преку видеопорака се обрати на панел дискусијата на Бизнис Акцелераторот УКИМ, „Постојана поддршка на иновациите во свет на промени“.

Заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, преку видеопорака се обрати на панел дискусијата на Бизнис Акцелераторот УКИМ, „Постојана поддршка на иновациите во свет на промени“.

На настанот на кој се дискутираше за постигнувањата на Акцелераторот УКИМ во изминатите четири години и се презентираа најновите инвестиции, вицепремиерот изрази задоволство за фактот што Владата има креирано простор и систем кој овозможува развој и поддршка за раст на стартап заедницата.

„За младите бизниси инкубаторите и акцелераторите се исклучително важни и мислам дека досега имаме многу направено, но истовремено сум свесен дека за вас тоа не е доволно и дека треба уште. Бидејќи вие сте моторот на новото време, турбините на современите економии. Затоа веќе со години трпеливо го градиме екосистемот кој ќе ви овозможи шанса. А за мене таа е најважна“, рече Битиќи.

Вицепремиерот додаде дека силно верува во поттикнување на стартапите и новите иновативни компании, и порача тие ќе нè воведат во четвртата индустријализација.

„Со вас можеме да решаваме голем број на социјални и општествени проблеми, да ги користиме најоптимално ресурсите и да ги дигитализираме нашите компании и институции, и заедно со вас да работиме на поголема инклузивност и диверзификација, со единствена цел да имаме подобар економски и општествен развој“, кажа во неговиот говор вицепремиерот Битиќи и упати честитки за работата на Акцелераторот УКИМ, за новите 3 инвестиции со што портфолио сега брои вкупно 10 стартапи.

Заменикот на претседателот на Владата, Фатмир Битиќи, упати честитки до младите бизниси, инкубатори и акцелераторите кои добија инвестиција од Владата од над 500,000 евра и уште еден милион евра од други извори.