ЗЕМЈОДЕЛСТВО

17,5 милиони евра за рурален развој

14.03.2023 08:22

Вкупно 17,5 милиони евра годинава ќе можат да се искористат за руралниот развој. Младите земјоделци за основање на сопствен бизнис ќе добијат грант од 20.000 евра, а финансиска поддршка е предвидена и за жените носители на земјоделско стопанство...

Годинава на земјоделци им стојат на располагање 17,5 милиони евра од Програмата за рурален развој. Младите кои ќе почнат сопствен земјоделски бизнис ќе имаа право на субвенции за чија намена се предвидени 19,5 милиони денари.

Вкупната поддршка за инвестиции за модернизација на земјоделски стопанства изнесува 680 милиони денари и е неповратна помош за зголемување на дејноста на семејните стопанства. Тука спаѓа набавката на приплоден добиток, на пчелни матици, трактори, подигнување нови насади, силоси, бунари и за системите капка по капка.

За инвестиции во преработка и маркетинг на земјоделските производи, се предвидени 3 милиони денари. Корисници се мали, микро, средни претпријатија и земјоделски задруги кои имаат договори со Платежната агенција за користење на ИПАРД средствата.

Висината на поддршката е 100 проценти од инвестицијата во форма на предфинансирање, а средствата треба да се вратат на 8 годишни рати. За реализација на мерките од Програмата за рурален развој, Платежната агенција објавува отворени јавни повици, а еден барател може да користи пари најмногу од две мерки.

 

Методија Трајков