Економија

Битиќи: Замрзнувањето на цените е мерка која го штити граѓанинот

14.03.2023 10:31

Битиќи информираше дека од 16-ти март на сила ќе стапи замрзнувањето на цените на млечните производи и тестенините, но и дека се прават анализи за евентуално замрзнување на цените и на дел од други основни прехранбени производи...

До стабилизирање на цената на производите на пазарот ќе продолжиме со мерката замрзнување на цените бидејќи е крајно време секој учесник во општествениот живот да се однесува морално, изјави вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи во телевизиско интервју.

Битиќи информираше дека од 16-ти март на сила ќе стапи замрзнувањето на цените на млечните производи и тестенините, но и дека се прават анализи за евентуално замрзнување на цените и на дел од други основни  прехранбени производи.

Во однос на последната одлука за зголемувањето на минималната плата на 20.175 денари, Битиќи нагласи дека за прв пат во Економско социјалниот совет немаше преговори и уцени, бидејќи решението произлегува од новата методологија донесена минатата година за зголемување на минималната плата на годишно ниво.