Прилеп

Прилеп: Многу треба да се гради, транспарентност нема

15.03.2023 12:44

Прилепчани ќе предлагаат идеи и приоритети - што треба да се гради за подобрување на секојдневието. Има грант од 50.000 долари и ќе се чекаат идеи од граѓаните. Тие пак, бараат транспарентност во трошењето на јавните пари...

Паркинзи, улици, подобра инфраструктура. Прилепчани со идеи како да се подобри животот во градот. Тие ќе предлагаат, донатори и општината ќе реализираат и ќе платат. Има многу приоритети, а транспарентноста ја нема.

Околу 50.000 долари грант од швајцарската Влада, од УНИД и Министерството за локална самоуправа, со најмалку 20 насто учество на градот, ќе треба да го подобари животот на граѓаните.

Градските власти сметаат дека ова е развој на демократијата, а и транспарентност за трошењето на јавните пари.

На крајот на годината ќе се знае што се направило и дали проектот е успешен.

 

Бети Митреска