Битиќи: Ако трговците не ги поевтинат производите, Владата ќе ги замрзне цените
Во пазарна економија мора да има морал и етика. Ако тие тоа не го спроведат, тогаш Владата ќе ги спроведе мерките што треба да бидат преземени – замрзнување на цените, вели вицепремиерот Битиќи...

Ако трговците во земјава не ги поевтинат производите по падот на цените на суровините на европските берзи, владата ќе реагира со замрзнување на цените и на други продукти за да ги заштити граѓаните- вели вицепремиерот Битиќи.
„Во пазарна економија мора да има морал и етика. Ако тие тоа не го спроведат, тогаш Владата ќе ги спроведе мерките што треба да бидат преземени – замрзнување на цените, што е најтешката можна одлука за еден произведувач или трговец. Но, според сите пресметки, не сме нанеле штета со замрзнување на цените“, рече вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Производителите го чекаат последниот ден, а утре стапува во сила одлуката за ограничени цени.
