Финансии

Банкарскиот сектор е стабилен, пропаѓањето на американските банки нема директни ефекти

16.03.2023 09:53

Билансите на нашите банки се високо капитализирани, исклучително солидни и ликвидни со најдобар квалитет на кредитното портфолио-посочуваат од Народната банка.

Пропаѓањето на двете американски банки нема директни последици врз нашиот банкарски систем, само 6,6 отсто од вкупните обврските ни се кон странство, од каде што се и само 5 отсто од побарувањата, велат од Народната банка. Внимателно се следат случувањата по пропаѓањето на Банката на силиконската долина.

Билансите на нашите банки се високо капитализирани, исклучително солидни и ликвидни со најдобар квалитет на кредитното портфолио-посочуваат од Народната банка.

Светскиот банкарски сектор е под сериозен притисок. По крахот на двете американски банки паднаа цените на акциите на европските берзи. Финансиските проблеми на „Кредит суис“ уште еднаш ги наведоа инвеститорите да ги продадат банкарските акции.

Најновите случувања ги поддржуваат шпекулациите дека централните банки, првенствено американската ФЕД, би можеле да го забават темпото на зголемување на каматните стапки додека ситуацијата не се смири.