Поевтини цени на тестенини и на млечни производи
Во маркетите поевтини цени на млечните производи до 10-тина денари, на тестенините и до 15 денари. Премиерот Ковачевски и министерот Бектеши на терен пазаруваа и проверуваа дали се почитува одлуката за замрзнати цени. Граѓаните очекуваат на листата да се најдат и други продукти…

Поевтинија до 10-тина денари млечните производи, до 15 денари тестенините. Трговците ги усогласија цените со владината одлука за нивно замрзнување. Премиерот Ковачевски и министерот Бектеши на терен во маркетите. Граѓаните задоволни, но очекуваат намалени цени и на други производи. Од економија велат, се прават анализи дали на списокот ќе се најдат шеќерот, јајцата и оризот.
„На дел од млечние производи предвидовме цената да се намали за 10%. Денес можевме да се увериме дека намалувањето на цените се почитува од производителите и од трговците, и истото се однесува и за замрзнувањето на цената на лебот и за тестенините и за млечните производи“, рече премиерот Димитар Ковачевски.
И министерот Бектеши потврди дека цените се намалени. Ако се утврди дека има дополнителен простор за намалување на цените, ќе ги повикаме на состанок бизнисите и ќе се донесат соодветните одлуки. Најважно е дека уште еднаш се потврдува дека ниту една компанија не прави загуби од владините мерки, а најголема придобивка имаат граѓаните, рече Бектеши.
Тој ги повика стопанските комори, производителите и увозниците да почнат со намалување на цените, имајќи го предвид трендот на намалување на цените на суровините и енергенсите.
