Државен пазарен инспекторат

Трајковски: 85% од компаниите што добивале субвенционирана струја не ги намалиле цените

16.03.2023 13:28

ДПИ им порача на трговците дека ќе ги објави нивните називи, доколку не ја почитуваат одлуката за замрзнување на цените.

Повеќе од 160 инспектори од Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) се на терен и вршат контроли за да се утврди дали трговците постапуваат согласно одлуките на Владата за намалување на цените. ДПИ им порача на трговците дека ќе ги објави нивните називи, доколку не ја почитуваат одлуката за замрзнување на цените.

Директорот на инспекторатот, Горан Трајковски вели дека 85 проценти од компаниите што добивале субвенционирана струја не одговориле на обврската за поевтини производи.

„Намалување на цените има. Но, доколку во текот на денот инспекторите утврдат дека некаде одлуката не се почитува, тогаш како Државен пазарен инспекторат ќе ги објавиме тие субјекти“, рече Трајковски.

Според надлежните, цените се следат на дневна основа и ако се утврди дека има дополнителен простор за намалување, производителите и трговците ќе бидат повикани на состанок, ќе се разговара и ќе се донесат соодветните одлуки.