Битиќи: Увозот на квалификувана работна сила е неопходен
Либерализација на пазарот на трудот е тренд и во земјите околу нас. Мора да ги заштитиме компаниите со обучени кадри, оти им се заканува затворање, дополни Битиќи.

Увозот на квалификувана работна сила е неопходен за да имаме конкурентно стопанство, вели вицепремиерот Фатмир Битиќи. Либерализација на пазарот на трудот е тренд и во земјите околу нас. Мора да ги заштитиме компаниите со обучени кадри, оти им се заканува затворање, дополни Битиќи.
„Компаниите мора да забрзаат во креирање на својата конкурентност и во зафаќање на нови пазари. Ако ова не го направиме за две до три години состојбата ќе биде уште потешка и за жал доста од компаниите ќе треба да се затворат затоа што нема да можат да издржат“, смета вицепремиерот Битиќи.
Според вицепремиерот, евентуалниот увоз, односно либерализицијата на пазарот на труд, ќе овозможи услови за нашите компании да креираат нови работни места, а нашите граѓани секогаш ќе бидат на прво место, нагласи Битиќи.
