Народна банка на 23-ти и 24-ти март домаќин на годишниот форум на Винеската Иницијатива
Како што информираа од банката, учество ќе земат преку 80 странски гости, високи претставници од меѓународните финансиски институции, гувернери на централни банки, вицегувернери, претставници од повеќе банки и домашни учесници. Учесниците доаѓаат од 14 земји од Европа.

Народната банка наредната недела, на 23-ти и 24-ти март ќе биде домаќин на годишниот форум на Виенската Иницијатива, еден од најголемите настани во регионот од областа на финансиите, што ќе се одржи во Скопје.
Настанот прв пат се организира во Македонија, и прв пат во земја која е надвор од Европската Унија.
Како што информираа од банката, учество ќе земат преку 80 странски гости, високи претставници од меѓународните финансиски институции, гувернери на централни банки, вицегувернери, претставници од повеќе банки и домашни учесници. Учесниците доаѓаат од 14 земји од Европа.
Ќе се дискутира на поголем број на круцијални теми како клучните предизвици за монетарната и фискалната политика во време на инфлациски предизвици, предизвиците за банкарскиот сектор, зелена транзиција, финансиите во развој и новите технолошки решенија и други актуелни теми.
Виенската Иницијатива е рамка за заштита на финансиската стабилност за регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа. Иницијативата беше формирана за време на првиот бран на глобалната финансиска криза во јануари 2009-та година.
