Битиќи: Ако има пад на берзанските цени, очекуваме трговците да ги намалат и нивните цени
Дали ќе има ново замрзнување на цените на основните продукти, треба да покаже анализата, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.

Сѐ поизвесно дека ќе падне цената на зеленчукот и овошјето. Дали ќе има ново замрзнување на цените на основните продукти, треба да покаже анализата, вели вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи.
Не успеав денеска да ги видам анализите за јајцата, шеќерот и оризот зашто имав други активности, но во текот на денов ќе ги видам и ќе можам да дадам оценка дали ќе следи замрзнување и на нивните цени. Ги следиме сите производи, па и земјоделските. Во овој период овошјето и зеленчукот најчесто се раноградинарски производи од кои најголем дел се увезуваат заради што ги следиме берзанските цени. Ако има пад на берзанските цени ќе останеме на ставот дека ќе очекуваме трговците да ги намалат и нивните цени, рече вицепремиерот Битиќи.
Цените, како што кажа, се флуктуирачки и се менуваат секој ден во зависност од понудата заради што, какао што кажа, не може да се донесе една констатација.
