Дигитализација за подобри деловни резултати
Македонските фирми мора да ги дигитализираат своите бизниси доколку сакаат поголеми деловни резултати. Во земјава само 20 отсто од бизнисите се дигитално трансформирани. Не е поинаква сликата и во Југоистокот каде Центарот за развој на овој плански регион почна со обуки за примена на дигитални алатки за промоција, продажба и анализа...

Македонските компании мора да го поминат процесот на дигитална трансформација за поголеми деловни резултати. Светските трендови покажуваат дека фирмите користат нови технологии и дигитални алатки за развој на својот бизнис, а во земјава само 20 проценти се дигитализирани и тоа благодарение на пандемијата. Вака смета Костадин Стојчев, бренд-менаџер кој главната вина ја посочува во скептицизмот од новите технологии и слабата информираност на менаџерите.
Не е поразлична сликата ниту во Југоистокот каде анализите покажуваат дека фирмите многу малку користат дигитални алатки за промоција, продажба а камоли воведување дигитални технологии. Ивана Крстева од Центарот за развој на Југоистокот смета дека дигиталните алатки може да ги користат и земјоделците.
Експертите препорачуваат дека во наредните пет години, македонските компании мора да се дигитализираат за што ќе мора низ повеќе мерки и програми државата да обезбеди помош за дигитална трансформација на минимум 40 отсто од бизнисите.
Ване Трајков
