саеми

Оглас за поддршка за земјоделски манифестации

20.03.2023 08:36

Локалните самоуправи, земјоделските здруженија и стопанските комори ќе можат да се пријавуваат за финансиска поддршка за организирање на агро саеми и земјоделски прехранбени манифестации. Рокот за пријавување ќе трае до 12-ти април, за оваа намена еден корисник ќе може да добие најмногу до 2 илјади евра...

Документите за финансирање на организирањето и одржувањето на саеми и на локални манифестации за промоција на земјоделски производи на објавениот огласот на Министерството, ќе можат да се поднесуваат заклучно до 12-ти април годинава.

Право на учество на јавниот повик имаат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството и руралниот развој, стопанските комори и задруги.

Барателите треба да достават план на активности со временска рамка за реализација на предлогот, методологија како ќе се реализира настанот, финансиски план и извори на финансирање и изјава дека прифатливите трошоци за реализација на активноста не се финансирани од друга институција.

Максималниот износ на финансиската поддршка која може да добие еден барател за оваа намена е најмногу до 120.000 денари.

Корисникот на средствата е обврзан да достави извештај за спроведената активност и финансиска документација до Министерството за земјоделство во рок од 30 дена по завршувањето на настанот.

 

 

Методија Трајков