Замрзнување на цените

Ковачевски: Мерките се носат врз основа на закон и тие треба да се почитуваат

20.03.2023 12:58

Одлуките за замрзнување на прехранбени продукти се договорени заедно со стопанските комори и компаниите. Премиерот, сепак, без конкретен одговор за можноста од санкционирање за оние кои не почитуваат, бидејќи вели имало џентлменски договор.

Владата мерките ги носи врз основа на закон и тие треба да се почитуваат, вели премиерот Ковачевски. Одлуките за замрзнување на прехранбени продукти се договорени заедно со стопанските комори и компаниите. Премиерот, сепак, без конкретен одговор за можноста од санкционирање за оние кои не почитуваат, бидејќи вели имало џентлменски договор.

„Со компаниите и стопанските комори беше постигнат џентлменски договор. Доколку тоа не се почитува, постои законска основа тоа да се направи. Ќе повторам дека во демократските земји мерките се носат врз основа на договори со стопански комори или врз основа на законски решенија, кога станува збор за ограничување на цени или акцизи“, изјави премиерот Ковачевски.