Прилеп

Прилеп ќе се задолжува 5 милиони евра преку обврзници

20.03.2023 13:42

Прилепските градски власти се решени преку општински обврзници градот да се задолжи 5 милиони евра. Предлагаат четири проекти кои, велат, заслужуваат да се отплаќа долг наредните седум години...

Прилеп сака да се задолжи со 5 милиона евра преку издавање општински обврзници. Нуди четири капитални проекти, три од инфраструктурата и еден за производство на електрична енергија преку обновливи извори, со поставување фотоволтаици на училиштата. Понудено им е на граѓаните за јавна расправа.

Општинските финансиери со свои пресметки: градот има капацитет да плаќа годишна рата од 240.000 евра на каматата и на крајот, главниот долг од 5 милиони. Уверуваат дека Министерството за финансии ќе им даде зелено светло.

Обврзницата ќе се понуди на пазарот на хартии од вредност и се смета дека ќе има доволно заинтересирани пензиски, инвестициски фондови, па и граѓани. А граѓаните – сè уште размислуваат.

 

 

Елизабета Митреска