Работодавците очекуваат да се либерализира увозот на работна сила
Текстилниот сектор, градежништвото и угостителството се најпогодени од недостиг на работна сила и само со увоз на работници може да се спречи колапс на стопанството, сметаат работодавците. Од Здруженијата за заштита на работничките права се на мислење дека доколку ова се случи, ќе биде во интерес само на газдите и на грбот на домашните работници...

Македонија има проблем со недостиг на работници во сите сектори што ќе резултира со голем пад на индустријата. Затоа бизнис секторот бара либерализација на законот за вработување на странци кои се очекуваат да пристигнат од Непал, Бангладеш, Пакистан, Филипини и Индонезија.
Ова не е одржливо решение, ова е обид да се намали платата на работниците, сметаат од „Гласен текстилец“.
Работодавачите велат дека и сега во државата работат странци, но дел се на црно, а дел преку странски компании, сметаат дека увоз на работници има во цела Европа и во соседството и ние не треба да бидеме исклучок.
Славица Величковска
