Се замрзнуваат цените на оризот и јајцата, кај шеќерот и брашното засега без интервенции
За шеќерот и брашното се остава време за поголемо поевтинување, но и таму е можна корекција. Цените на месните производи кои се увезуваат, како што најави министерот Бектеши, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија.

Денеска Владата најави замрзнување на цените на оризот и на јајцата. Министерот за економија Бектеши не очекува ова да резултира со недостиг на пазарот, иако производителите на јајца стравуваат од загуби.
За шеќерот и брашното се остава време за поголемо поевтинување, но и таму е можна корекција. Цените на месните производи кои се увезуваат, како што најави министерот Бектеши, ќе бидат една од наредните мерки што ќе се анализираат од страна на Министерството за економија.
Од 16-ти март се замрзнати цените на тестенините и млечните производи, а од 28-ми февруари е замрзната и цената на лебот. Тогаш се укинаа и субвенциите за електричната енергија што ги добиваа компаниите од прехранбената индустрија.
Министерот Бектеши минатата недела најави дека во април се можни нови мерки во однос на цените.
