Македонија

Југоистокот ги презентира потенцијалите за инвестирање пред претставници на дипломатскиот кор

21.03.2023 12:25

Општините од југоистокот но и околу 20 тина компании ги презентираа потенцијалите и можностите за инвестирање пред претставници на дипломатскиот кор кои го посетија овој регион. Најмногу се интересираа за вложување во туризмот но и можноста за увоз на преработки од земјоделски производи. Дипломатскиот економски караван во југоистокот го организираше Министерството за надворешни и Бирото за регионален развој...

Општини и компании од југоистокот ги претставија своите потенцијали и можности за инвестирање пред претставници на 20 тина дипломатски претставништва во земјава, на дипломатско економскиот караван што се одржува во овој дел од државата. Пред нив се претставија 10-те општини, но и околу 20 тина компании кои бараат нови пазари, но и инвеститори. Дипломатите најмногу се интересирале за можностите за инвестиции во туризмот, но и увоз на земјоделски производи од овој регион, кажа Рамиз Реџепи, директор на Бирото за регионален рамномерен развој.

Дипломатско економскиот караван го организираше Министерството за надворешни, заедно со Бирото за регионален развој и Центарот за развој на југоисточниот плански регион, со цел да се претстават економските потенцијали на југоистокот, но и кои чекори ги преземаат општините за создавање бизнис клима.

Дипломатско економскиот караван беше во Радовиш, Струмица и Дојран, при што посетија и повеќе културно-историски споменици природни убавини, но и локации за можни инвестиции.

Ване Трајков