Народна банка дополнително ја затега монетарната политика за 0,25 процентни поени
Донесена е одлука за зголемување на каматната стапка на благајничките записи за уште 0,25 процентни поени и сега е на ниво од 5,5 проценти...

Народна банка дополнително ја затега монетарната политика. Донесена е одлука за зголемување на каматната стапка на благајничките записи за уште 0,25 процентни поени и сега е на ниво од 5,5 проценти. Од Централната банка појаснуваат дека ваквата политика е започната од крајот на 2021 година.
„Монетарна поставеност е поддржана и зајакната и со неколкуте промени кај инструментот задолжителна резерва, насочени кон раст на штедењето во денари, како и со системски мерки за јакнење на отпорноста на банкарскиот систем“, велат од НБРМ, оттаму посочуваат дека годишната стапка на инфлација четврти месец последователно, но додаваат дека сè уште има неизвесност кај очекувањата за идната динамика на цените на примарните производи.
„Неизвесното и променливо надворешно окружување и нагласените ризици налагаат натамошна претпазливост од носителите на макроекономски политики“, велат од Народна банка.
