Македонија

Маркетите ја почитуваат одлука, граѓаните незадоволни од намалувањето на цените

22.03.2023 13:14

Маркетите ја почитуваат владината одлука за ограничување на цените. Граѓаните велат дека ова нема многу да влијае на семејниот буџет, зашто претходно државата дозволила енормно покачување на производите...

Верче Дончевска, која со години е пазарџика во скопски Аеродром не е загрижена за профитот поради намалувањето на цената на јајцата. Вели заработувачката е за два денари помала за јајца, но се надева дека нема да биде во загуба.

Замрзнувањето на основните продукти ги храбри граѓаните да бараат намалување и други производи. Пазарџиите велат, граѓаните прашуваат дали ќе падне цената и на земјоделските производи.

Сопственик на продавница за прехранбени производи вели, ако надлежните сакаат да им помогнат на граѓаните тоа треба да го сторат поинаку.

Цената на оризот е пониска за десет денари. Граѓаните за десет јајца ќе плаќаат од 85 до 100 денари. Тестенините поевтинија за десет проценти. Граѓаните сметаат дека тоа нема да се почувствува на домашниот буџет, бидејќи сите цени се многу високи.

Пензионерите го следат движењето на цените.

Со намалување на млечните производи опфатени се и урдата, кравјиот кашкавал, киселото млеко и јогуртот.

Наташа Јанчиќ – Менковски