Бесими: Имаме целосна координација на фискалната со монетарната политика
Констатирано дека годишната стапка на инфлација забавува четврти месец по ред. За министерот за финансии Бесими, постои координираност меѓу монетарната и фискалната политика.

Народна банка дополнително ја затегна монетарната политика. Донесе одлука за зголемување на каматната стапка на благајничките записи за уште 0,25 процентни поени и сега е на ниво од 5,5 проценти.
Констатирано дека годишната стапка на инфлација забавува четврти месец по ред. За министерот за финансии Бесими, постои координираност меѓу монетарната и фискалната политика.
„Како фискална политика на дневна основа сме во целосна координација со монетарната политика и тоа може да се согледа со фактот што уште од ковид кризата, па до сега во петгодишните проекции имаме постојано консолидирање на фискалната политика. Консолидирањето на фискалната политика значи намалување на дефицитот и намалување на јавниот долг, а при тоа поддршка на растот со реформите што ги правиме“, нагласи министерот Бесими.
Според министерот за финансии, се остава поголем простор за монетарната политика да не оди преостро во однос на каматните стапки. Бесими нагласи дека финансиските пазари годинава стануваат многу турбулентни и релативно скапи.
