Субвенции за набавка на добиток
Фармерите кои од 1 јануари до 31 декември 2022 година ги обновиле свињарските фарми со нов добиток, можат да аплицираат за субвенции. огласот ќе трае до 15-ти април, а финансиската поддршка изнесува до 6,5 милиони денари по корисник...

До 15-ти април годинава, фармерите кои одгледуваат свињи ќе можат електронски да аплицираат за финансирање на набавка на педигрирани чистокрвни или хибриди свињи од увоз или од признаени организации. Висината на финансиската поддршка изнесува најмногу до 6,5 милиони денари по корисник.
Право на користење на средствата од оваа мерка имаат сите земјоделци кои се запишани во регистарот на земјоделски стопанства. Средствата се наменети за набавка на подмладок во периодот од први јануари до 31 декември 2022 година.
Субвенциите се од 50 до 75 проценти во зависност од возраста на земјоделецот и други услови. Еден потенцијален корисник на средствата може да поднесе едно барање или две за мерките кои се ко-финансираат од Програмата за рурален развој. Рангирањето на сточарите е со бодување, а оние со ист број на бодови според времето и датумот на поднесување на електронското барање.
Аплицирањето е по електронски пат, а пополнетите документи може да се испраќаат по пошта или лично во платежната агенција.
Методија Трајков
