Развојна банка

Нова кредитна линија за компании за дигитализација и дигитална трансформација

23.03.2023 12:03

Кредитната линија ќе се реализира преку квалификувани банки учеснички и е креирана, пред сѐ, да им овозможи на компаниите поволна кредитна поддршка при реализација на проекти од сферата на дигитализација и дигитална трансформација.

Развојната банка воведува нова кредитна линија наменета за компании за дигитализација и дигитална трансформација. Ќе има ниски каматни стапки, а корисници може да бидат микро, мали и средни компании.

Кредитната линија ќе се реализира преку квалификувани банки учеснички и е креирана, пред сѐ, да им овозможи на компаниите поволна кредитна поддршка при реализација на проекти од сферата на дигитализација и дигитална трансформација.

Реализацијата на кредитната линија во почетокот е исклучиво од сопствени средства на Развојната банка. Корисници на оваа линија преку банките учеснички може да бидат микро, мали и средни трговски друштва. Каматната стапка до крајните корисници ќе биде максимум до 2,9 проценти, рече директорот на Развојната банка, Кире Наумов.

Според премиерот Ковачевски, со дигитализацијата им се овозможува на компаниите побрз и поефикасен деловен развој. На прес- конференцијата, нагласи дека Владата се залага за креирање можности за пристап до средствата за инвестирање и имплементација на дигитални стратегии и планови т.е. за дигитална трансформација.

Амбасадорката на Швајцарија, Вероник Улман Марти, на промовирањето на новата кредитна линија рече дека дигитализацијата е предуслов за трансформација на општеството, за раст на економијата и за просперитет на земјата.