Економија

Битиќи: Замрзнувањето на цените не е на штета на компаниите

23.03.2023 13:33

Повика инспекторите на терен да утврдат дали маржата на лебот одговара на дадената од владата за замрзнување.

Замрзнувањето на цените не е на штета на компаниите, вели вицепремиерот Битиќи. Посочи дека компаниите се згрижени, бидејќи нема да продаваат по маржи, коишто тие ги сакаат. Повика инспекторите на терен да утврдат дали маржата на лебот одговара на дадената од владата за замрзнување.

„Првите позитивни сигнали од компаниите доаѓаат и овде сме заеднички да ја надминеме кризата. Не стравувам дека по замрзнување на цените ќе се врати старата практика на вештачко зголемување на цените на начин како што еден одреден период беше направено“, рече Битиќи.

Додаде дека тоа што постојано повикувале на општествена одговорност на компаниите вродило со плод. Како Влада нема да оставиме граѓаните да ја плаќаат највисоката цена, дециден е Битиќи.