Отворен Центар за претприемништво и креативност во Прилеп
На прилепскиот Економски факултет се отвори Центар за претприемништво и креативност. Младите кадри бараат поголема иницијатива на бизнис секторот, Универзитетот воведува дуално образование, а надлежните нагласуваат дека недостасува претприемништвото и затоа младите бараат излез надвор...

Поголема иницијатива на бизнис секторот за нивната потреба од домашни стручни кадри и негување на претприемништвото, бараат младите, идни претприемачи. Обуки, презентации и поддршка на новите идеи.
На стопанството итно му требаат стручните кадри. Битолскиот Универзитет, прв од есен ќе применува нов правилник – дуално образование и голема практична настава. Претприемништвото е алката која недостасува во македонското општество и затоа излезот се бара надвор.
Првиот Центар за претприемништво и креативност во Пелагонискиот регион, е проект за прекугранична соработка и ги поврзува македонските млади претприемачи со грчките.
Претприемачкиот дух е основа за развој на македонското општество.
Елизабета Митреска
