Финансии

Инфлацијата е висока, ризиците и натаму постојат

23.03.2023 14:54

Инфлацијата е висока, ризиците и натаму постојат, фискалната политика е приспособлива, ова е оценката на банкарите во рамките на состанокот на Виенската иницијатива што се одржува во Скопје. За монетарните и фискалните предизвици дебатираа и гувернери на народни банки од Европа и претставници на најголемите финансиски институции…

Несигурноста е нова сигурност, вака креаторите на монетарната и фискалната политика во Европа рекоа за актуелните економски и финансиски текови во регионот и Европа. Во дискусиите порачаа-ризиците и натаму се присутни, да се зачуваат ценовната и финансиската стабилност, инфлацијата е висока, но забавува, фискалната политика е прилично приспособлива. Гувернерката Бежоска оцени дека иднината на инфлаторната динамика ќе зависи од опстојувањето на мобилните шокови од снабдувањето и усогласеноста на монетарните со фискалните политики.

Финансирање на проектираното, конзистентни мерки, обид преку зголемени капитални инвестиции да се оствари намален јавен долг до 60 проценти-министерот Бесими очекува пролетта да ги скастри трошоците.

Ако тензиите на финансискиот пазар продолжат, последиците ќе донесат построги кредитни услови и помал раст, е ставот на Европската инвестициска банка. Павлова најавува дополнително финансирање тешко 100 милијарди евра за поддршка на нулта економија до 2030-та година.

Потребна е координација на централните банки, олеснување на дијалогот меѓу релевантните чинители во финансискиот сектор.

Виенската иницијатива е платформа којашто ги поврзува меѓународните финансиски институции, банкарските регулатори и претставниците на банкарските групи од Европа, присутни во регионот на Централна, Источна и Југоисточна Европа.

Сузана Фиданска Стоевска