инфраструктура

Реконструкција на патот од Битола до Меџитлија

23.03.2023 17:35

Со 3,2 милиони средства обезбедени од ЕБОР започна рехабилитацијата на државниот пат Битола-Меџитлија. Увид на лице место направија министерот за транспорт Бочварски и директорот на ЈП за Државни патишта Ејуп Рустеми. Министерот Бочварски за следниот месец најави почеток на градежните зафати на најголемиот капитален проект во Пелагонија, автопатската делница Битола-Прилеп. Што се однесува до железничкото поврзување со Грција сè уште нема конкретен договор од јужните соседи...

Со започнувањето на рехабилитацијата на 12 километарскиот државниот пат со меѓународно значење Битола-Меџитлија во Пелагонискиот регион започна долгонајавуваниот инфраструктурен циклус. Денеска не зборуваме за алтернативни патни правци туку за нови патишта кои уште повеќе ќе го поттикнат економскиот развој на Пелагонискиот регион, посочија министерот Бочварски и директорот на ЈП за Државни патишта, Рустеми.

Освен што се врши целосна реконструкција на единствената меѓународна патна врска во овој регион паралелно се работи на документацијата на нов експресен пат до Меџитлија. Бочварски за следниот месец го најави почетокот на капиталниот проект, автопатската делница Битола-Прилеп. Зафати кои се поздравени од бизнис секторот но кој истовремено се интересира кога ќе можат да ја користат и реновираната железничка пруга.

Од Транспорт и врски велат – нашето го исполнивме, се чека на одговор од другата страна.

Веќе еден месец засега возот еднаш дневно се обраќа само до станицата Жабени.

 

Стевче Митревски