Македонија

ЕСМ Продажба потпиша договор за набавка на природен гас за месец април 2023 со фирмата Макпетрол

23.03.2023 18:46

ЕСМ Продажба донесе одлука за избор на набавувач на природен гас за месец април 2023 за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба...

ЕСМ Продажба донесе одлука за избор на набавувач на природен гас за месец април 2023 за потребите на топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за други стопански субјекти кои се снабдуваат преку ЕСМ Продажба. Природниот гас за април ќе се набави по фиксна цена од 53,60 евра MWh, а добавувач ќе биде фирмата Макпетрол.

Како што информираат од ЕСМ, на јавниот повик кој беше објавен на 20 март 2023 и кој беше достапен за сите домашни и странски компании регистрирани за дејноста, се побаруваше испорака на 500 MWh до 1.800 MWh количини гас дневно, пристигнале две понуди, Макпетрол АД – Скопје со крајна фиксна цена од 53,60 евра MWh и Balkan Utilities од Р. Бугарија со крајна фиксна цена од 53,70 евра MWh.

Со оглед на тоа што најниска фиксна цена понуди фирмата Макпетрол, донесена е одлука за избор на Макпетрол за добавувач на природен гас за април.

Со оваа набавка, како што појаснуваат од ЕСМ, во целост ќе се задоволат потребите од природен гас за производство на топлинска енергија за топланите Исток, Запад, Енергетика и Скопје Север, како и за останати потрошувачи на природен гас во Република Северна Македонија. Граѓаните да бидат сигурни и спокојни дека и во април ќе продолжи континуираното снабдување со топлинска енергија, додаваат од ЕСМ.