ујп

Нова верзија на апликацијата „МојДДВ“, поврат до 2.100 денари

24.03.2023 17:43

Исплатите за скенираните фискални сметки во првото тримесечје, односно од јануари до март, ќе се реализираат во мај...

Управата за јавни приходи излезе со соопштение за луѓето кои скенираат фискални сметки за да добијат поврат на ДДВ. Откако законските измени поминаа во Собрание, лимитот на поврат е подигнат од 1.800 на 2.100 денари.

Корисниците на „МојДДВ“ треба да ја преземат новата верзија на апликацијата којашто е веќе достапна. Исплатите за скенираните фискални сметки во првото тримесечје, односно од јануари до март, ќе се реализираат во мај.

Последните податоци покажуваат дека фискални скенираат над 520 илјади луѓе, а досега се вратени околу 6 милијарди денари.