МЗШВ

МЗШВ: Распишан јавен оглас за ангажирање на 25 студенти, за шестмесечна платена пракса во министерството

27.03.2023 13:14

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува јавен оглас за ангажирање на 25 практиканти, за шестмесечна практикантска работа во секторите и управите на Министерството..

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство распишува јавен оглас за ангажирање на 25 практиканти, за шестмесечна практикантска работа во секторите и управите на Министерството.

Преку овој оглас, право за аплицирање имаат дипломирани студенти или студенти на завршна година студии од земјоделските, шумарски и ветеринарни високо образовни институции во државата. Односно студенти од областа на биотехничките науки (наука за земјиште и хидрологија, заштита на растенија, растително производство, пчеларство, овоштарство, лозарство, ветеринарна медицина, добиточно производство, рибарство, шумарство и хортикултура, преработка на дрво, биотехнологија, прехранбена технологија, преработка на анимлани производи), градежништво и водостопанство, правни науки, економски науки и-или природно-математички науки – хемија.

Периодот за практиканската работа изнесува шест месеци со полно работно време. Практикантите за време на практиканската работа остваруваат право на надоместок во висина од 70% од минималната нето-плата утврдена согласно закон, за практиканската работа во период до три месеци и надоместок во висина на минималната нето-плата утврдена согласно закон, за практиканската работа над три месеци, сметано од четвртиот месец.