Од утре почнува етапна исплата на пензиите
Владата ги покачи пензиите за 8.4 проценти, што е историско највисоко покачување за толку краток период. Фондот за пензиското и инвалидското осигурување е задолжен да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година...

Владата ги покачи пензиите за 8.4 проценти, што е историско највисоко покачување за толку краток период.
Фондот за пензиското и инвалидското осигурување е задолжен да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 27.03.2023 година.
Се препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со мартовските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 28.03.2023 година.
Се препорачува на деловните банки, преку филијалите и експозитурите на банките, да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи, според висината на пензијата
Пензии со висина до 11.000 денари, исплатата да се изврши на 28.03.2023 година.
За пензии со висина 11.001 – 14.000 денари, исплатата да се изврши на 29.03.2023 година, додека пак за пензии со висина 14.001 – 18.000 денари, исплатата да се изврши на 30.03.2023 година и за пензии со висина над 18.001 денари, исплатата да се изврши на 31.03.2023 година, рекоа од Владата.
