Иновации

Битиќи: Верувам во потенцијалот на домашниот стартап екосистем

27.03.2023 18:15

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, присуствуваше на презентација на 10-те инвестиции поддржани од акцелераторот УКИМ...

Заменик претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, присуствуваше на презентација на 10-те инвестиции поддржани од акцелераторот УКИМ.

Вицепремиерот Битиќи изјави дека презентацијата е организирана со цел, тие да ги презентираат нивните решенија пред инвеститорите и секако пред претставниците на Владата и дека од почетокот на неговиот мандат го поддржува активно домашниот стартап бидејќи верува во нивниот потенцијал и енергија.

Заменик претседателот на Владата додаде дека заедно со стартап компаниите решаваме голем број на социјални и општествени проблеми, преку дигитализирање на нашите компании и институции, и заедно со нив да работиме на поголема инклузивност и диверзификација, со единствена цел да имаме подобар економски и општествен развој.