шумарство

Завршува рокот за субвенции за пошумување

28.03.2023 08:08

Сите сопственици на шуми во приватна сопственост, чии локации се предвидени за пошумување и се поголеми од половина хектар имаат право на субвенции. Висината на финансиските средства изнесува 85.000 денари по хектар, а крајниот рок на доставување на барањата е заклучно до 29 март 2023 година…

Приватните сопственици на шуми најдоцна до утре можат да поднесуваат барање за субвенционирање на пошумувањето. Сите кои имаат планирано засадување на нови садници на површини поголеми од половина хектар имаат право на финансиска помош 85.000 денари за хектар.

Еден сопственик на шума може да поднесе само едно барање за доделување на финансиски средства. Документацијата се доставува преку пошта или директно во Архивата на Министерство за земјоделство.

Комисија од министерството изготвува листа на баратели кои ги исполниле условите, согласно со рокот на доставување на комплетно барање врз основа на принципот „прв дојден, прв услужен“. Министерството ќе склучува договори со секој барател, почнувајќи од првиот на листата се до исцрпување на средствата предвидени со Програмата за проширена репродукција на шумите за оваа година.

Вкупно за 2023-та за пошумување на голини и ерозивни земјишта за сопствениците на шуми во приватна сопственост се предвидени 1,7 милиони денари.

 

Методија Трајков