Енергетика

Во изминатото деноноќие произведени 15.347 MWh електрична енергија

29.03.2023 10:02

Во Термоелектраните произведени се 10.198 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.149 MWh...

АД ЕСМ во изминатото деноноќие произведe 15.347 MWh електрична енергија, која е намената за домаќинствата и малите потрошувачи, како и потребите за дополнителни снабдувања за училишта, прехранбена индустрија и други витални државни субјекти.

Во Термоелектраните произведени се 10.198 MWh, а во хидроелектраните и во Ветерниот парк Богданци произведени се 5.149 MWh, информираат од владината прес- служба.