Економија

Ковачевски: Владата и компаниите да покажат единство за заштита на граѓаните

29.03.2023 12:34

Последно во низата замрзнувања на цените на основните прехранбени производи се јајцата од кокошка. Со ова, Владата оневозможува зголемување на цената на овие производи пред велигденските празници и пред празникот Бајрам, соопштуваат од владината прес- служба.

Мора да покажеме единство, за доброто на државата и за доброто на граѓаните во оваа криза- изјави премиерот Димитар Ковачевски, кој заедно со министерот за економија, Крешник Бектеши денеска ја посетија компанијата за производство на јајца „Везе Шари“. 

Последно во низата замрзнувања на цените на основните прехранбени производи се јајцата од кокошка. Со ова, Владата оневозможува зголемување на цената на овие производи пред велигденските празници и пред празникот Бајрам, соопштуваат од владината прес- служба.

„Изминативе денови ме гледавте со министерот Бектеши, често во обиколка на маркетите, на терен заедно со директорот на државниот пазарен инспекторат, но истовремено и сите инспектори кои се дел од ДПИ се на терен за да точно утврдат дали мерките се почитуваат од страна на сите кои се дел од пазарот и продажбата на основните прехранбени производи“, рече премиерот Ковачевски.

Тој нагласи дека има редовно снабдување на целата малопродажба со сите основни прехранбени производи и дека во најголем се почитуваат мерките за ограничување на цените на основните прехранбени производи.