РКЕ
Без промена кај бензините и кај дизелот, нова цена на мазутот
30.03.2023 13:23
Регулаторната комисија за енергетика одлучи од вечерва на полноќ да нема никакви промени во цените на бензините и на дизелот. Мазутот поскапува...

Регулаторната комисија за енергетика одлучи од вечерва на полноќ да нема никакви промени во цените на бензините и на дизелот.
Така цената на ЕУРОСУПЕР 95 останува 82 денари по литар, додека ЕУРОСУПЕР 98 ќе се продава по 84,5 денари по литар. Цената на ЕУРОДИЗЕЛ останува 73 денари по литар.
Има промена на цената на мазутот кој поскапува за 1,1 денар, и според новата цена ќе се продава за 38,7 денари. Цената на екстра лесното масло останува 72 денари по литар.
