Замрзнати цени, ама и помало ДДВ
Владата ги ефектуира мерките за замрзнувањата на цените на нова тура производи. Овојпат на оние за лична хигиена. За експертите секоја интервенција е добредојдена. Се согласуваат со граѓаните за пониска стапка на ДДВ-то за одредени производи што е европско и светско искуство...

Нова тура на замрзнување цени, а и намалување за 13 насто. Овојпат на средствата за лична хигиена. Владата ги ефектуира своите мерки за заштита на стандардот на граѓаните. За експертите секоја интервенција е позитивна, а треба да се вклучат и сите страни.
За да не се доведува во прашање производството, бизнис заедницата упатува на мерки со дотации, дури и чепнување во резервите и намалување на ДДВ-то од 18 на 5 насто. И граѓаните бараат пониска даночна стапка.
Владата со најавени даночни реформи и подготвеност за намалување на ДДВ-то на одредени производи, па и од личната хигиена, ама бара ефикасност на собранието. Експертите гледаат подолгорочни ефекти што е европско и светско искуство.
Замрзнати цени и намалувања, но и пониско ДДВ за поцелосна заштита на стандардот на граѓаните.
Елизабета Митреска
