Битиќи: Мерките не носат штета никому
Владата да не се меша во пазарната економија , да не ги товари бизинсите со нови давачки порачува Стопанската комора. Вицепремиерот Битиќи пак со став, економија не може да чека увозот не е долгорочно решение за работната сила, потребни се работници веднаш...

Бизнис секторот вели дека владата нема слух за нивните проблеми, ги товари компаниите со нови давачки. Претседателот на ССК, Азески, смета дека Владата во пазарна економија треба да си ги знае надлежностите и да не се меша.
Според вицепремиерот за економски прашања, владините мерки за ограничување на цените не се на штета на бизнисот, им помагаат на граѓаните.
И, додека бизнис секторот сè уште ја чека владината анализа за пазарот на труд, Битиќи повторно излезе со бројки. 115 илјади невработени луѓе се пријавени во агенцијата за вработување, но наместо да ги пополнуваат слободните над 9.600 работни места, јазот се продлабочува. Увозот на сила не е долгорочно решение, но економијата не може да чека, рече вицепремиерот, а топката за ситуацијата ја префрли на претходните власти.
Александра Велинова
