Прес

Битиќи: Регионалната конкурентност е клучот кој ја отвора вратата за просперитет на Западен Балкан

30.03.2023 18:31

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на регионалната конференција на тема „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан - предизвици и можности“...

Заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи се обрати на регионалната конференција на тема „Како да се обезбеди поголема соработка помеѓу економиите од Западен Балкан - предизвици и можности“, во организација на Стопанската комора на Северна Македонија како дел од активностите на проектот „Поддршка на приватниот сектор за регионална интеграција”, што се спроведува во партнерство со УСАИД.

Тој се заблагодари за поканата на конференцијата, рече дека, развојот на нашите држави е меѓузависен и само со кооперативност и компетентност можеме да го искористиме целосниот потенцијал на нашиот регион. Иницијативата, со своето оригинално име „Берлински процес“, која започна во 2014 година, за подоцна да го ребрендира регионот со називот Западен Балкан, е една од најдобрите иницијативи во економска смисла кои му се случиле на овој историски турбулентен дел од Европа.

Истакна дека за да стигнеме до ЕУ просекот е можно, само преку меѓусебна соработка. Регионалната конкурентност, наспроти регионалната конкуренција е нашата можност, за побрзо надминување на предизвиците во модерните времиња на брзи промени. Економиите секогаш се во зависност од добрата инфраструктура во поширока смисла на зборот, која во сите земји од регионот била целосно запоставена и со ниски стапки на инвестирање во периодот на транзиција. Го спомна проектот кој нашата Влада ќе го имплементира со кој во наредните четири ипол години, Северна Македонија целосно ќе ги комплетира пан-европските автопатски коридори кои поминуваат низ нашата земја: Коридорот 8 со кој добиваме излез на пристаништата во Бургас и Драч, како и Коридорот 10д со кој добиваме подобра поврзаност со нашиот јужен сосед Грција. Темата за креирање на заедничка платформа и стратегија за привлекување на странски директни инвестиции, што ќе ни овозможи да привлекуваме индустрии кои ќе креираат голем синџир на набавки во сите наши земји, Да се зацврстува економската соработка и инвестициите, да се зајакнува довербата со цел унапредување на трговската соработка. Продлабочувањето на економската интеграција и соработка помеѓу државите од Западен Балкан преку сите постоечки иницијативи е приоритет на сите народи од нашиот регион.