Собрание
Собраниската комисија за економски прашања продолжува со работа по точките од 20. седница
31.03.2023 09:12
Собраниската Комисија за економски прашања денеска треба да продолжи со расправа по точките од 20. седница...

Собраниската Комисија за економски прашања денеска треба да продолжи со расправа по точките од 20. седница.
На дневен ред се Предлог законот за задруги во второ читање, Финансискиот план на Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги за 2023 година, како и Предлог-одлуката за утврдување на процентот на искористеност во однос на вкупниот годишен приход, за финансирање на работењето на Регулаторната комисија за енергетика и водостопанство за годинава.
Од сите точки на дневен ред на 20. седница разгледани се само Предлог измените на Законот за основање на Агенција за енергетика.
