Енергетика

ЕСМ и КЕК потпишаа меморандум за разбирање

31.03.2023 13:50

Соработкта помеѓу АД ЕСМ и КЕК ќе биде во форма на размена на знаење и искуство во однос на диверзификацијата на технологии за производство, професионална соработка, овозможување на најефикасна размена на енергија и ресурси во врска со производството на електрична енергија...

АД Електрани на Северна Македонија и Косовската енергетска корпорација (КЕК) денес потпишаа Меморандум за разбирање. АД ЕСМ е најголемото јавно претпријатие за електрична енергија во Северна Македонија, кое обезбедува околу 90% од целокупното домашно производство и со инсталирана моќност во термоцентралите од 824 MW, во хидроцентралите од 556,8 MW и од Ветерниот парк од 36,8 MW, додека КЕК е најголемото јавно претпријатие за електрична енергија во Косово, чиј опсег на работа опфаќа ископување јаглен лигнит, производство на електрична енергија и снабдување на мало.

Соработкта помеѓу АД ЕСМ и КЕК ќе биде во форма на размена на знаење и искуство во однос на диверзификацијата на технологии за производство, професионална соработка, овозможување на најефикасна размена на енергија и ресурси во врска со производството на електрична енергија преку оптимизација на производството, подготвување на заеднички планови за надминување на енергетските вонредни состојби и во други полиња од заеднички интерес, со цел да се обезбеди непречено снабдување со електрична енергија во Република Северна Македонија и Република Косово.

Енергетската криза влијаеше врз двете земји бидејќи зависат од увозот на електрична енергија, а за да се обезбеди сигурно производство на електрична и топлинска енергија во период на криза се правеа дополнителни напори за ефикасно и непрекинато работење на постројките за производство, соопштуваат од ЕСМ.