Мерки

Се очекува одлука кои видови зеленчук и овошје ќе бидат со замрзнати цени

01.04.2023 08:55

Од денеска треба да почне примената на владината одлука за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи кои воедно и поевтинуваат за 13 проценти. Претходно, со одлука на Владата, беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот кои останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари...

Владата треба да соопшти кои видови овошје и зеленчук ќе бидат со замрзнати цени. Анализите се во тек, според министерот за економија Крешник Бектеши најверојатно ќе се знае до утре.

Министерството за земјоделство ги доставило влезните параметри за овошјето и зеленчукот до Министерството за економија, а ќе се земат предвид и податоците од Царинската управа.

Ќе ги имаме сите податоци и во петок или во недела ќе ја информираме јавноста на кои овошја и зеленчуци ќе се замрзнат цените, истакна Бектеши во средата.

Од денеска треба да почне примената на владината одлука за замрзнување на цените на дел од хигиенските производи кои воедно и поевтинуваат за 13 проценти. Претходно, со одлука на Владата, беа замрзнати и цените на тестенините и млечните производи кои се намалени за 15, односно за 10 проценти, како и цените на јајцата и оризот кои останаа на нивото од 15-ти овој месец, додека цената на белиот и на полубелиот леб од 450 грама е замрзната на 33 денари.

Според надлежните, замрзнувањето на цените е мерка која дава резултат и можно е да се пролонгира кај одредени производи и по утврдениот краен рок, доколку се процени дека за тоа има потреба. Од Владата велат, не се исклучени и други вакви интервенции.