Земјоделство

Од земјоделски отпад до пари, Струмица има основа за развој на биоекономија

01.04.2023 09:33

Во струмичко годишно се продуцираат околу 22 илјади тони биоразградлив отпад, од кој најголемиот дел е земјоделски, а завршува на депонии. Ретко кој го користи за производство на компост. Струмица и регионот имаат основа за развој на биоекономија но е потребна едукација на земјоделците …

Струмица има потенцијал за биоекономија. Како регион поседува големи количини земјоделски отпад кој може да биде основа за производство на компост и да се заработува. Вака информираа Меѓународниот центар за одржлив развој, кој во Струмица пренесе искуства од повеќе европски држави, како од земјоделски отпад да се заработуваат пари.

Земјоделците наместо да го користат отпадот за производство на биоѓубриво преку компостирање, тие истиот го фрлаат на диви депонии, вели Цветанчо Ѓеоргиев од Ново Село, кој годишно произведува околу 1.000 кубни метри компост.

Во наредниот период во струмичко ќе се одржат повеќе едукации како земјоделците да го користат отпадот, а паралелно ќе добиваат помош и за изработка на бизнис планови за зелена економија.

Статистиката покажува дека во југоистокот околу 220.000 тони биоразградлив отпад завршува на депонии.

Ване Трајков