Бектеши: Утре утврдување највисоки цени на дел од зеленчукот и овошјето
Под од мраз ќе одат цените на доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперките, гравот, леќата, но и на бананите, портокалите, мандарините, лимоните...

Утре ќе се воведат ограничени цени на неколку видови овошје и зеленчук. Министерот за економија, Крешник Бектеши објави дека анализите се завршени. Под мраз ќе одат цените на доматите, краставиците, кромидот, карфиолот, пиперките, гравот, леќата, но и на бананите, портокалите, мандарините, лимоните.
„Ги повикувам граѓаните да дадат придонес за дополнување на листата на производи и на цените на кои тие сметаат дека треба да се замрзнат“, вели Бектеши.
Министерот рече дека биле принудени на ваков чекор, бидејќи дел од трговците ставале огромни маржи, кои некаде достигнувале и до 200 проценти.
